СДС пред неколку дена ја отворија инфантилната тема за иамгинарини мигранти, кои според познавачите, постојат само во главата на Венко Филипче. Кај раководството не, затоа што тоа се самораспушти и „фати штрафта“ од Бихаќка, во 5-та брзина. Глумејќи некаква битност на македонската политичка сцена, со мизрени 18 пратеници (официјално, неофицијално се помалку) и минорни 6 градоначалници (саде една поголема општина) Филипче го направи она што и единствено го знае. Побара некаква си тотално неаргументирана Резолуција, која се базира на шпекулативни текстови на британски таблоиди, прилози преку кои британската опозиција се „јаде“ и ја руга Владата во Лондон. За разлика од СДС, британската опозиција не се повика на ломотењето од Бихаќка, затоа што нив никој не ги смета за нешто сериозно. Гласот за скорешното гасење на светлото на Бихаќка, дошол и до таму, се шегуваат по соц-мрежите.
Е сега, кога власта соочена со лажните вести на СДС излезе со сопствена, сериозна резолуција, за да стави крај на несериозните шпекуалции и манипулациите на дел од опозицијата (И ДУИ им се смее на патетиката), Кузеска експресно ја одби оваа Резолуција, која за разлика од нив власта со над 70 пратеника може без проблем да ја усвои. Следуваше класичен контраспин, толку комуњарски и толку очекуван: -ЕТЕЕЕ, со контрарезолуцијата ПРИЗНАА ДЕКА МИГРАНТИТЕ ЌЕ ДОАЃААТ?!?!?
Кх, кх, кх…
Еве, што денеска остроумно смислија во СДС:
-Според СДСМ, со поднесувањето на контрарезолуцијата, коалицијата ДПМНЕ – ЗНАМ го потврдила постоењето на договорот „мигранти за пари“. Очекувано, од самото обзнанување за владината Резолуција. Кузеска со нова фризура и аутфит истакна и дека државата да ти била во тешка финансиска состојба, пронајдоа и наводна дупка од една милијарда евра (не кажаа дека долгот од 2,2 милијарди евра е од „обврзниците“ и арамилакот на Таче и Заев), измислија дека пустиот трезор се затвора предвреме (техникалија која нема врска со реалноста, fake news се вика), а во творечкиот немир за лажни вести си додадоа и дека, замисли, доцнеле исплатите за породилно, социјална помош, ДДВ, плати и пензии.
По нив, потоп, во куси, кроки црти е кажаното за „апокалипсата“ која ни се случува, а од која СДС во страв од обелоденувањето на стотици криминали кои сега седат во фиоката на Љупчо Коцевски, „опозициски“ не спасува. Знаат дека неговото разрешување утре е во Собрание, така што, уплавот е оправдан, исто како и потребата од очајнички и инфантилни прес-конференции, за да глумат политички, а не криминален прогон на Венко, Заев, Обиџуко, Путерот, Таче, Вице и компанија…
СДСМ обвини и дека парите не се користеле за граѓаните (веројатно поведени од силното искуство на ова „поле“ на паталците Заев и Венко), туку за имагинарни „пумпања пари преку наместени тендери и бизниси“ (за што се екперти „пер екселанс“), при што посочија некои научнофантастични „криминални шеми“ со цел 161 тендер и манипулативни 14,5 милиони евра кај „само“ две фирми. Невистини, нахално извадени од контекст за што пристигна најават дека ќе добијат и добија кривични за клевета.
СДСМ најави дека „заедно со граѓаните“ ќе стават крај на, како што ги нарекоа, „предавничките и криминални политики на ДПМНЕ-ЗНАМ“, велејќи дека борбата за Македонија е почната и нема да застане. Верувале или не (102% ова второт), СДС зборува за предавства?!?!
Прашањето е уште поедноставно, со кои „граѓани“ СДС ќе го стори тоа, имајќи предвид дека во кажаното не верува ниту портирот на Бихаќка.
Знаат ли дека „граѓаните кои ќе стават крај“ се упатени кон канцелариите на ЗНАМ и Левица, за да вистински и стават крај на антимакедонската направија наречена СДС?
Упатените велат дека, за жал на Венко и екипата, добро го знаат тоа, предобро.
Последна станица да ти било буништето на историјата, а за многумина попатни стојалишта (со Шпанец или Марица) да ти биле Шутка и Идризово…