Македонија две лица на истата регресивна паричка

Конечно, СДСМ и Левица се обединија: Не давале поддршка за Славески за гувернер на НБРМ

За негов избор се потребни 61 пратеник, а сегашната владина коалиција има над 70, што противењето нa СДСМ/Левица го прави популистичка лакрдија… Не одговорија, дали ќе си дадат поддршка на Локалните избори, или, можеби и конечно како што сите и очекуваат ќе си се фузираат во една, единствена коалиција.

Конечно, СДСМ и Левица се обединија: Не давале поддршка за Славески за гувернер на НБРМ

СДСМ и Левица, конечно се обединија. И двете партии во опозиција со вкупно и заедно минорни 24 пратеника (плус-минус некој) објавија помпезно дека немало да гласат за Трајко Славески за гувернер на НБРМ.

За негов избор се потребни 61 пратеник, а сегашната владина коалиција има над 70, што противењето на СДСМ/Левица го прави уште една популистичка лакрдија…

“Немаме навистина никаква причина да се даде поддршка Трајко Славески да биде Гувернер на Народна Банка“, рече екс министерот со најмногу афери во историјата на Македонија, Оливер Спасовски.

Левица нема да го поддржи предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер на Народната банка. Според пратеникот Борислав Крмов од Левица, сегашниот кандидат требало да биде различен од предлогот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Не одговорија, дали ќе си дадат поддршка на Локалните избори, или, можеби и конечно како што сите и очекуваат ќе се фузираат во една, единствена коалиција.

Најнови вести од Македонија

To top