Македонија по реакциите за поставување на крст на црковен имот на Попова Шапка

Комисијата за односи со верските заедници ја повика Општина Тетово на неселективна и принципиелна поставеност

Комисијата за односи со верските заедници ја повика Општина Тетово на неселективна и принципиелна поставеност

Комисијата за односи со верските заедници се огласи по реакциите на ДУИ и Општина Тетово, а во врска со поставувањето на 15 метарски крст на имотот на манастирската црква „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка.

Од Комисијата повикуваат на внимателност и воздржаност од граѓаните, како и мудрост во раководењето со институциите од оние кои добиле мандат од граѓаните да градат хармонично мултикултурно општество, кое само по себе не подразбира исклучивост на ниту една култура, туку нивна коегзистенција и почитување на различностите.

-Комисијата останува посветена во напорите за одржување на добрите меѓуверски односи, па имајќи ја сензитивноста во предвид апелира политиката и на неа сродните интереси да не се вмешуваат во меѓучовековите односи. Во однос на изградбата на профани или религиозни објекти, како и поставување на нивни обележја на туристичкиот центар Попова Шапка упатуваме на неселективна и принципиелна поставеност на Општина Тетово, се вели во соопштението на Комисијата.

Најнови вести од Македонија

To top