Македонија Локални избори 2025: Изборни глобали и детали (4.ДЕЛ)

Колумна на Костов: Нашето достоинство се состои во можноста да избираме / Излези и гласај! – Гласај лично и сам!

Со масовната излезеност на гласање најефикасно ќе ја спречиме склоноста  кон неправда на определени лица и групи, со што пак на дело докажуваме дека демократијата ни е неопходна – на сите нас, од првиот до последниот, запишани во ЕИС.

Колумна на Костов: Нашето достоинство се состои во можноста да избираме / Излези и гласај! – Гласај лично и сам!

Колумната што ја читате е рефлексија од едно отворено писмо на припадник на генерацијата “деца на транзицијата“ и една симпатична СМС порака што вчера ја добив(двата момента се независни еден од друг). Добиената порака е толку симпатична што одлучив да ја парафразирам на начин својствен за мене и да ја прилагодам за сите гласачи содржани во Единствениот избирачки список на Република Македонија(ЕИС). Станува збор за свеста на секој еден од нас дека нашиот глас не е само еден обичен лист хартија. Нашиот глас е креатор на нашата иднина. Затоа мораме да излезима на гласање и да гласаме. Да гласаме за Република Македонија, за секоја од осумдесте општини и за Градот Скопје (секој каде што е запишан во еден од изводите на ЕИС, на конкретно избирачко место) за да сите тие останат и во иднина бидат на прво место по  важност за нас.

Тоа значи дека Локалните избори 2025-та не треба да поминат без нас граѓаните-избирачи. Да, драги мои Македонци, ова сознание е наше уставно право. Се однесува на нас и нашата иднина. И затоа треба да превземеме целосна одговорност, што значи ние, и само ние, граѓаните- избирачи на Република Македонија, одлучуваме за иднината на сите нас. На тој начин покажуваме дека нашето достоинство се состои во можноста да избираме. Да избираме кој ќе управува со општините и Градот Скопје.

Со направениот избор во недела да гласаме, најдиректно потврдуваме дека нашата човечка способност за правда ја прави демократијата можна. Со масовната излезеност на гласање најефикасно ќе ја спречиме склоноста  кон неправда на определени лица и групи, со што пак на дело докажуваме дека демократијата ни е неопходна – на сите нас, од првиот до последниот, запишани во ЕИС.

Затоа во недела со свесност(за одговорноста ќе излезиме и ќе гласаме), ќе го потисниме несвесното (“разочарани сме и не гласаме“), со рационалност(активно учество во највисоката форма на демократија)  ќе ја одбегнеме ирационалноста (“од инает не гласам за никого“), и со несебично однесување(мислиме не само на нас, туку и на сите во заедницата во која живееме), ќе ја спречиме себичноста, која ни штети при носење вистински и правилни одлуки. Со исполнување на нашето уставно право да бираме, правиме двојно добро: Првото, барем малку од малку ќе се оправдаме и извиниме на младата генерација која со право не прозива за бремето што и го оставивме, а кое на овој начин барем малку ќе го намалиме. И второ, ги оневозможуваме сите заканувачки манипулации со изборниот процес, а создаваме услови, како за избор на локална власт со голем легитемитет, така и спроведување на слободни, фер, демократски и кредибилни избори.

Вистинскиот наш потег е во недела не само технички да гласаме, туку и вистински да избираме. – Одиме сите на гласање!

Сотир Костов

To top