Македонија НАТКАСТ

Клековски: „Гугл“ доктори и опозицијата прават злоупотреба на трагедијата и темата за Кочани

-СДСМ или лаже и ја злоупотребува темата за Кочани или испраќа порака дека „ја замајуваме јавноста, а во основа со Таравари можеме одлично да соработуваме“. Бидејќи ако не чини системот во Кочани, тогаш е тоа поврзано со човекот кој го водеше министерството до пред неколку дена, рече Клековски.

Клековски: „Гугл“ доктори и опозицијата прават злоупотреба на трагедијата и темата за Кочани

Во овие нови, модерни времиња, многу луѓе се одлучуваат да бидат „Гугл“ доктори и да навлегуваат во теми кои се специфични, истакна директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски кој синоќа беше гостин во НАТКАСТ кај Љупчо Цветановски на КУРИР.

-Еден од примерите е дека беа објавени фотографии од пациент третиран во Пирогов, со големи оштетувања на кожата на скалпот, на главата. И се коментираше „Видете колку лошо изгледа ова“. Ако прашате пластичен хирург ќе ви каже дека така треба да изгледа изгореница од висок степен, неколку недели по настанатите штети, дека таа кожа нема гној, нема инфекција и дека добро зараснува. Доказ за тоа е дека три недели после тие фотографии што се објавија, кај лицето има огромен напредок. Значи тоа е нормален напредок во лекувањето, терапијата, рече тој.

Клековски оценува дека она што загрижува е однесувањето на опозицијата.

-Не можам да ја разберам опозицијата која јавна на овој бран, од неколку причини. Главната причина е дека доколку повредените не се третираат добро, тоа е одговорност на човекот кој до пред неколку дена беше министер за здравство, Арбен Таравари, а гледам дена Венко Филипче најавува средба со него. Што ќе му каже на средбата? Зошто ги третирате лошо, зошто не воспоставивте систем за третирање на повредените во Кочани? СДСМ или лаже и ја злоупотребува темата за Кочани или испраќа порака дека „ја замајуваме јавноста, а во основа со Таравари можеме одлично да соработуваме“. Бидејќи ако не чини системот во Кочани, тогаш е тоа поврзано со човекот кој го водеше министерството до пред неколку дена, рече Клековски.

Целото негово гостување погледнете го во видеото во продолжение

Најнови вести од Македонија

To top