Македонија Пандов потврдува

Катица Јанева се враќа во “Идризово”, го загуби правото да работи надвор од затворот

Постапувајќи по службена должност Управата направила проверка за почитувањето на условите за користење на правото за работен ангажман надвор од затворот, при што е утврдено дека Јанева не ги почитувала.

Катица Јанева се враќа во “Идризово”, го загуби правото да работи надвор од затворот

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“, потврди директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.

Постапувајќи по службена должност Управата направила проверка за почитувањето на условите за користење на правото за работен ангажман надвор од затворот, при што е утврдено дека Јанева не ги почитувала.

Јанева, во февруари годинава доби дозвола да работи во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, адвокатот Лазар Јанев, кога веќе имаше издржано пет од вкупно седумгодишната затворска казна за случајот „Рекет“. Според условите наутро таа излегува од Идризово, а по завршување на работниот ден, требаше да се врати во затворската ќелија.

Јанева во јуни 2020 година беше осудена за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна во случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски кој доби казна затвор од девет години.

Најнови вести од Македонија

To top