Македонија Беса

Касами: Разговаравме со Таравари за да биде кандидат за претседател на државата

-Да, разговарано е со Таравари да биде претседателски кандидат и се гледа како соодветен албански кандидат на овие избори, потенцираше Касами.

Касами: Разговаравме со Таравари за да биде кандидат за претседател на државата

Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами во синоќешното гостување во емисија на Радио Телевизија Косово нагласи дека е разговарано со претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари тој да биде претседателски кандидат.

-Да, разговарано е со Таравари да биде претседателски кандидат и се гледа како соодветен албански кандидат на овие избори, потенцираше Касами.

Првиот човек на Беса истакна дека косовскиот премиер и претседател на Самоопределување Албин Курти заедно со претседателот на косовското Собрание, Глаук Коњуфца биле дел од изборните кампањи во неколку изборни циклуси.

-Сега ќе имаме иновации, каде претставници или високи експоненти на Движењето Самоопределување на Косово, но и кои се државјани на Северна Македонија, ќе бидат дел од изборните листи за пратеници во листите на здружената опозиција, рече  рече Касами.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top