Македонија

ЈСП утре нема да вози по 9 часот наутро

ЈСП утре нема да вози по 9 часот наутро

Автобусите на ЈСП утре ќе останат во гаражите по 9 часот наутро, одлучи Синдикатот на вработените во ЈСП.

Вработените потоа ќе одат во Град Скопје за да ја проследат седницата која ќе се одвива таму, а на која на дневен ред се субвенциите за ова јавно претпријатие.

„Вработените во ЈСП имаат срце и душа да излезат во пресрет на болните луѓе и децата, вработените, за да стигнат на работните места. Потоа, во 9 часот сите автобуси се повлекуваат. Во 10:30 часот, вработените ќе бидат во Град Скопје и ќе останат се до носење на одлуката“, рече Миќо Стојановски, од Синдикатот на ЈСП.

Најнови вести од Македонија

To top