Македонија локални избори 2025

Јовановски со проект за обновување на шумскиот појас: Нови садници во Кичево за почист воздух

Нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина.

Јовановски со проект за обновување на шумскиот појас: Нови садници во Кичево за почист воздух

Aлександар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на сограѓаните во општианта.

„Нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина.

За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид.

Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, потенцита во изјавата Јовановски.

Победуваме, додаде тој.

To top