Македонија Со 64 гласови за и 40 против

Јован Митрески избран за претседател на македонското Собрание

Митрески доаѓа на местото на Талат Џафери, кој поднесе оставка за да биде технички премиер во следните 100 дена.

Јован Митрески избран за претседател на македонското Собрание

Со 64 гласови за и 40 против пратениците го изгласаа Јован Митрески за нов претседател на Законодавниот дом.

Митрески доаѓа на местото на Талат Џафери, кој поднесе оставка за да биде технички премиер во следните 100 дена.

-Како секој пратеник, така и за мене изборот за претседател е голема чест, но пред се одговорноста е уште поголема. Во таа насока ве уверувам дека со посилен интензитет ќе продолжам да работам во интерес на функционалноста и ефикасноста на Собранието, секако во согласност со Уставот, со Деловникот, со законската регулатива, но пред се во интерес на граѓаните и државата, рече Митрески.

Изрази верување дека заеднички ќе продолжиме да ја јакнеме демократијата бидејќи за млади демократии како нашата тоа е важно да го правиме ској ден.

-Останувам отворен за соработка со сите пратенички групи, се додека гледам, мислам и чуствувам дека тоа што се прави од спротивната страна е во интерес на граѓаните и државата, затоа што интересот на граѓаните и на државата е врвен интерес на сите нас, рече Митрески.

Тој изрази благодарност за поддршката и за довербата која му ја дадоа пратениците со нивното гласање, како и до досегашниот претседател Талат Џафери и до генералната секретарка Цветанка Ивановска и до нејзините заменици за успешното менаџирање, како и до вработените во Собранието.

Новиот спикер даде свечена заклетва, по што како што е најавено ќе има примопредвање на фукцијата и куси изјави на Џафери и Митрески.

Најнови вести од Македонија

To top