ВМРО-ДПМНЕ на власт е нешто повеќе од една година, сите останати изгубија на својата сила, на своите позиции, изгубија на својата моќ итн., и што остана како механизам како можност за било каков вид на владеење на теренот, е токму таа хоизонтала. Кога велам хоризонтала, што мислам?! ВМРО не смее да биде успешна приказна. Како што дојде ВМРО- на власт, како што затекна еден општ хаос на сите нивоа, така се обидува и верувам и понатаму ќе се обидува и ќе тежнее кон тоа, ако ништо друго нештатa да ги стави на свое место, вели Јонуз.
ВМРО-ДПМНЕ се обидува да постави ред, но со институциите владее хоризонталата, смета Јонуз.
-Кога ВМРО дојде, сакајќи да постави некаков ред на тие институции кои што се од животно значење за Македонија, да ги постави да ги смени нештата по вертикала според можноста да влијае, арно ама хоризонталата е на власт. Кога велам хоризонтала, таа е се уште оператива, а тоа е СДСМ, ДУИ и останатите партии кој ја изгубија власта и моќта, додава тој.
По хоризонтала имаме се уште судство кое му припаѓа на СДСМ И ДУИ, групи и групации, поединци врзани со поедници, се уште не е расчистено кој владее со сериозни оперативни институци вели Јонуз.
По хоризонтала имаме се уште судство кое му припаѓа на СДСМ И ДУИ, групи и групации, поединци врзани со поедници кои и еден на друг му должат се плашат и не сакаат реално да го прават тоа што го прават, така да ние сме се уште на самиот почеток од инсталираноста на новата власт, од тој аспект. Значи уште не е расчистено, кој владее реално со институциите, како што е судство, како што се некои сериозно оперативни институции од кои зависи функционирањето и секојдневието, дециден е Јонуз.
Во продолжение погледнетеја целата емисија: