Македонија

Јавна трибина за зајакнување на грижата за ракот во Македонија

По повод Светскиот ден за борба против ракот – 4 февруари, денеска на Универзитетот Скопје ќе се одржи јавна трибина „Обединети по единственост – Од заложби до реализација: Зајакнување на грижата за ракот во Македонија“.

Организатор е Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негуватели ХЕМА-ОНКО.

– Настанот има за цел да отвори јавна и стручна дискусија за состојбата, предизвиците и идните насоки во грижата за пациентите со рак во Македонија, со фокус на имплементацијата на Националниот план за борба против ракот, пристапот до современа терапија, еднаквоста во здравствената заштита и одржливоста на системот, соопшти организаторот.

Според агендата, ќе се обратат директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, директорот на ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје Игор Стојковски, директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје Соња Генадиева-Ставриќ, претставници од Министерството за здравство и од Институтот за радиологија.

В недела во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе има модна ревија во соработка со „ELENA LUKA“ во чест на храброста, духот и вистинската убавина на жената која го победи ракот.

– Овој настан претставува симболична и емотивна посвета на жените кои поминале низ онколошко искуство, прикажана преку уметност, мода и силна порака за живот, достоинство и надеж, најавува Здружението.

Најнови вести од Македонија

To top