Предлог-законот за високо образование ќе биде јавно објавен во понеделник, информира министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
-Она што во моментов предизвикува интерес во академската заедница се критериумите за избор во звања, финансирањето на универзитетите и можностите за унапредување на целокупната економска заедница, рече Јаневска.
Во одговор на новинарско прашање за покачувањето на платите за наставниците кое се очекува во март, таа посочува дека станува збор
-Така како што сме се договориле, не само годинава туку во сите четири години, според нашиот договор, договорот на Владата со СОНК, наставниците ќе добиваат зголемување на платата. Во месец април, мартовската плата ќе биде покачена за 7,5%, рече Јаневска.