По вчерашната акција на припадници на Министерството за внатрешни работи, во која запленети се 150 килограми марихуана, се огласи директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
-Повторно застанавме на патот на дрогата. Од организирана криминална група, запленети се 150 килограми марихуана. Нашата порака е јасна: улиците не се и нема да дозволиме да бидат простор за труење на нашите граѓани. Борбата против ова зло е наша трајна обврска. Посветено, одлучно и без компромис ќе продолжиме да ги разоткриваме и пресекуваме криминалните канали кои ја загрозуваат безбедноста и иднината на државата. Никој не е недопирлив – законот важи за сите, нагласува Јанев.
Во врска со акцијата Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО ГОКК вчера поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст. 3 во врска со став 1 од КЗ.
Детали за акцијата во прочитајте во продолжение.
МВР објави видео: Лишени од слобода три лица, пресечен транспорт на 150 килограми марихуана