МВР објави видео: Лишени од слобода три лица, пресечен транспорт на 150 килограми марихуана

На регионален пат во близина на Свети Николе, полициските службеници, по претходно добиени информации дека ќе биде извршен транспорт на поголема количина на дрога, го запреле товарното возило „ивеко“ кое го шлепувало возилото „опел комбо“ и при преглед на задната клупа и во багажниот простор на возилото „опел“, пронајдени се осум торби во кои имало 50 пакувања со марихуана. По извршено вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека станува збор за 150 килограми марихуана.