Македонија ЦУК

Изминатото деноноќие имало над десетина пожари на отворено

Конкретно, противпожарни интервенции на отворено, паралелно гасејќи и пожари во населени средини, имале пожарникарите од Територијална противпожарна единица на Град Скопје во предел на село Трубарево, во село Рашче и во село Бразда.

Изминатото деноноќие имало над десетина  пожари на отворено

Изминатото деноноќие имало над десетина пријавени за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Конкретно, противпожарни интервенции на отворено, паралелно гасејќи и пожари во населени средини, имале пожарникарите од Територијална противпожарна единица на Град Скопје во предел на село Трубарево, во село Рашче и во село Бразда.

Пожарникари од Територијална противпожарна единица Прилеп интервенирале кај село Мажучиште и кај патот за Манастир Прилепец, ТППЕ Свети Николе кај село Мустафино и во атарот на село Немањици, ТППЕ Македонска Каменица кај село Цера, ТППЕ Куманово во близина на депонијата „Краста“ и во атарот на село Режановце, ТППЕ село Нагоричане во атарот на ссело Макреш, ТППЕ Ранковце во атарот на село Псача, а ТППЕ Тетово дека во изминатото деноноќие имале две помали интервенции.

Пожарникарите од ТППЕ Велес, по пријавата на 112 и координацијата од Секторот за операции и координација во ЦУК, за појава на густ и темен чад во близина на бензиската пумпа „Макпетрол“ во Општина Градско, заедно со ангажираните ресурси од Општина Градско, загаснеле депонија, на којашто најмногу гореле запалени гуми. Интервенирано е конбинирано, со противпожарни средства, а потоа комуналното претпријатие ЈКП „Клепа Градско“ интервенирало со затрупување на опожареното место, по што пожарот е локализиран, а дежурни останале за да се следи состојбата до крајот на денот.

За претстојниот викенд, ЦУК апелира за да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, а и отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и граѓаните да ги почитуваат препораките на пожарникарите преку медиумите за превенција од пожари.

ЦУК потсетува и за внимателност при прошетките во природа, на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при зимски услови на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот. Итните случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 27,88 отсто, а 72,12 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 50,99 отсто, кон итната медицинска помош 36,76 проценти, а кон пожарникарите 6,72 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Најнови вести од Македонија

To top