Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка, информира Министерството за земјоделство.
Јаболката се предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Од Министерството нагласуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.