Законот е во Собрание и секако во иднина ќе помине, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети за најавуваниот Закон за рестриктивни мерки кој од Владата очекуваат да биде изгласан. Измените на овој закон Владата на 16 јануари годинава едногласно со консензус изрази политичка волја да ги достави до Собранието, а со кои се предивидува правните акти на САД и Обединетото Кралство да бидат валидна основа за ставање на лица или компании на домашниот список на санкции.
Одговарајќи на новинарско прашање што е со градоначалникот на Струга и член на ДУИ, Рамиз Мерко кој исто така е на американската црна листа, Ахмети порача дека „апсолутно“ не ги оспоруваат одлуките на Стејт Департментот и „ќе прифатат секаква проценка што ја прави САД“.
САД за нас се најважниот стратешки партнер, како што е и ЕУ, рече Ахмети на прес-конференција по повод потпишаниот договор за заеднички настап на изборите на партијата на Ахмети и партијата на Скендер Реџепи Зејд.
Од претходно, амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во контекст на предложеното законско решение за рестриктивни мерки, рече дека го поздравуваат секој напор, секој закон и секоја активност со која се бара отчетност кај луѓето.