Македонија ЗЕЛС

Ѓорѓиевски оствари средба со Маричиќ: Остануваме посветени на поддршка на општините

Разговаравме за актуелните предизвици и за координацијата меѓу институциите во пресрет на изборните процеси што следуваат во иднина. Непреченото спроведување на изборите во фер и демократска атмосфера мора да биде императив за сите – и за институциите и за секој граѓанин. Наша заедничка обврска е изборните процеси да поминат во најдобар ред, со целосно почитување на законските процедури и со високо ниво на транспарентност и одговорност, истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски оствари средба со Маричиќ: Остануваме посветени на поддршка на општините

Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со новиот претседател на ДИК, Бојан Маричиќ.

-Денес, во својство на претседател на ЗЕЛС, остварив работна средба со новоизбраниот претседател на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ и членовите на ДИК. Разговаравме за актуелните предизвици и за координацијата меѓу институциите во пресрет на изборните процеси што следуваат во иднина. Непреченото спроведување на изборите во фер и демократска атмосфера мора да биде императив за сите – и за институциите и за секој граѓанин. Наша заедничка обврска е изборните процеси да поминат во најдобар ред, со целосно почитување на законските процедури и со високо ниво на транспарентност и одговорност, истакна Ѓорѓиевски.

Тој порача дека продолжува соработката, дијалогот и координацијата.

-Како ЗЕЛС, остануваме посветени на поддршка на општините, со цел навремено и ефикасно да одговорат на сите барања и насоки на ДИК. Дополнително, на средбата беше отворено и прашањето за реализирањето на законските обврски на Градот Скопје кон градската изборна комисија, кои беа целосно подмирени уште во јануари 2026 година. Согласно правилникот на ДИК, обврската за исплата на членовите на општинските изборни комисии е во надлежност на самите општини. Продолжуваме со соработка, дијалог и координација, во интерес на демократските вредности и довербата на граѓаните, истакна првиот човек на ЗЕЛС.

Најнови вести од Македонија

To top