Македонија никој не мож да зборува за селективна истрага во овој случај

Ѓурчески: Оваа структура на пратеници од СДСМ и ДУИ не требаше ни да се најде на листата на пратеници, зад себе имаат огромен криминоген багаж

Ние имаме нелегитимна, една нелегитимна опозиција по мене, оваа структура на пратеници од СДСМ и ДУИ не требаше ниту еден да се најди на листата на пратеници затоа што тие имаат зад себе огромен багаж, криминоген багаж кој што треба да биди истражен, рече во своето гостување во емисијата „За или пртотив“ на Алфа телевизија поранешниот началник Љубомир Ѓурчески.

Ѓурчески: Оваа структура на пратеници од СДСМ и ДУИ не требаше ни да се најде на листата на пратеници, зад себе имаат огромен криминоген багаж

Ние имаме нелегитимна, една нелегитимна опозиција по мене, оваа структура на пратеници од СДСМ и ДУИ не требаше ниту еден да се најде на листата на пратеници затоа што тие имаат зад себе огромен багаж, криминоген багаж кој што треба да биди истражен, рече во своето гостување во емисијата „За или пртотив“ на Алфа телевизија поранешниот началник Љубомир Ѓурчески.

-Оливер, зарем некој треба да му ги прости 215 пасоши, и сега вие сакате во таква структура на криминалци за кој што се наплатени огромни пари, да не се лажеме. Значи, сега тој истиот ти е пратеник во Собрание и тој истиот од говорница кажува за некаква селективност или Ковачевски, едноставно ви создава нервоза, ви се гади од тие, веднаш размислувате дека не станува за луѓе, за нелуѓе кои што немаат ни морал, ни етичност, ни чесност, ништо, ништо, ништо…, вели Ѓурчески.

Ѓурчески смета дека никој не може да зборува за селективна истрага барем во овој случај, дециден е безбедносниот експерт.

-Никој не може да зборува за селективна истрага барем во овој случај. Не може да зборува за селективност во истрага некој кој што бил должен да преземе истражни дејствија за некаде 100-на мртви во двете автобуски несреќи и палењето на модуларната болница во Тетово, како и за другите трагедии, почувајќи од пајакот, од удрувањето на полицајката во пајакот и т.н, за селективност, кога ние сите сме сведоци на нивната селктивност и на нивната неказнивост која што нивна селективност и неказнивост доведе до распад на правниот систем.

To top