Македонија Ќе работиме во секоја општина, секое маало, секоја населба - вели градоначалникот

Ѓорѓиевски: После неколку децении целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром

После неколку децении, започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ (Црвена Вода 7) во Аеродром, објави на совојата Фејсбук страница Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

-Денес, заедно со градоначалникот Дејан Митески и новиот директор на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, го означивме почетокот на овој значаен инфраструктурен зафат.

„Фрањо Клуз“ е улица која игра клучна улога во урбаниот дел на општината, сообраќајница што секојдневно ја користат илјадници граѓани.

Станува збор за улица која со години е оставена на забот на времето, небезбедна, оштетена и запоставена.

Денес ставаме крај на таа слика.

Ова е улица што одамна го заслужуваше вниманието, а денес тоа конечно и го добива.

Со овој зафат, улицата ќе добие двослоен асфалт, нови рабници и уредени тротоари, создавајќи безбеден, чист и функционален простор за сите минувачи.

Ќе изградиме улица која ќе биде пример како треба да изгледаат современите градски сообраќајници – уредени, безбедни и наменети за секого.
Ова е само почеток.

Следуваат уште поголеми проекти за нашето Скопје.

Ќе работиме во секоја општина, секое маало, секоја населба.

Скопје заслужува!, пишува во својата објава Ѓорѓиевски.

To top