Македонија Средба со хрватската амбасадорка, Н.Е. Нивес Тигањ

Ѓорѓиевски: Ја потврдивме заедничката определба за понатамошно продлабочување на билатералните односи

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ. Средбата се одржа во пријателска, отворена и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани можностите за унапредување на меѓународната соработка и заедничките иницијативи насочени кон развој на локалната заедница и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Разговорите ја потврдија заемната подготвеност за продлабочување на билатералните односи и за градење одржливи партнерства на локално и меѓународно ниво.

Ѓорѓиевски: Ја потврдивме заедничката определба за понатамошно продлабочување на билатералните односи
Денес Ѓорѓиевски беше домаќин на хрватската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, на средба што се одржа во пријателска, отворена и конструктивна атмосфера. Во фокусот на разговорите беа развојот на локалната заедница, како и можностите за унапредување на меѓународната соработка.
Беа разменети ставови за посветеноста на Град Скопје кон проактивен пристап во креирањето и спроведувањето иницијативи кои директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Посебно беа истакнати силните партнерства со пријателските земји, при што соработката со Република Хрватска се издвојува како значаен пример за успешна размена на знаење, искуства и добри практики.
– Ја потврдивме заедничката определба за понатамошно продлабочување на билатералните односи, со уверување дека ваквите средби создаваат нови можности за граѓаните и претставуваат цврста основа за долгорочно и одржливо партнерство, како на локално, така и на меѓународно ниво. Убеден сум дека продолжувањето на ваквиот дијалог ќе резултира со конкретни соработки и заеднички проекти кои ќе донесат видливи придобивки за нашиот град и нашите граѓани, напиша Ѓорѓиевски на својот Фејбук профил

Најнови вести од Македонија

To top