Автомобил на македонски државјанин денеска бил вандализиран во бугарскиот главен град Софија, од страна на непознати сторители.
Македонецот, случајот го пријавил во полиција, а од таму го упатиле да обезбеди видео снимки од околните камери, па потоа полицијата ќе дошла.
Ваквиот немил настан доаѓа во момент кога се напнати политичките односи помеѓу двете земји.
Треба да се напомене дека вакви инциденти во минатото речиси и никогаш да немало, но благодарение на потписот на поранешниот премиер Зоран Заев кој што го стави на „Договорот за добрососедство“, денеска сме сведоци на многу полоши односи меѓу двете земји, а и после потпишувањето на истиот Македонија од Софија доби канонада на вета на патот кон ЕУ.