Македонија во неготинско

ФОТО: Сиљановска Давкова во посета на зоната на пожари – одлука за ангажирање на дополнителни 200 армиски припадници

Припадниците на Армијата од составот на Командата за операции и Командата за обука и доктрини ќе извршуваат активности по насока на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции.

ФОТО: Сиљановска Давкова во посета на зоната на пожари – одлука за ангажирање на дополнителни 200 армиски припадници

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ги посети припадниците на Армијата вклучени во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Серта, кај неготинското село Калањево.

Сиљановска Давкова од страна на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, беше информирана за актуелната состојба со пожарите и активностите што се преземаат за нивно локализирање.

Врз основа на укажаната потреба и побарувања за поголем обем на ангажман во гасењето на пожарите, претседателката Сиљановска Давкова изутринава донесе одлука за ангажирање на дополнителни 200 припадници на Армијата во напорите за гасење на пожарите, со што вкупниот број на ангажирани армиски припадници е 300.

Кабинет на Претседател на Република Северна Македонија

To top