Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска заедно со претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски остварија средба со поранешните началници на Генералштаб и активните и пензионираните генерали во Армијата.
-Традиционалната новогодишна средба на едно место го собира сето знаење и искуство на Армијата акумулурано низ годините. Македонската Армија се развивала и ќе продолжи да се развива согласно највисоките стандарди на Алијансата зашто во неа работеле и работат вистински професионалци кои се посветени на најважното за секој граѓанин – сигурна и безбедна татковина, вели Мисајловски.