Македонија само двајца

ФОТО: Само Андреј Ковачев и Венко Филипче во одбрана на Данела Арсовска

Како нејзина поддшрка јавно се огласија само двајца и тоа: Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Андреј Ковачев и претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

ФОТО: Само Андреј Ковачев и Венко Филипче во одбрана на Данела Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вчера била нападната во Чаир. Како нејзина поддшрка јавно се огласија само двајца и тоа: Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Андреј Ковачев и претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Андреј Ковачев, денеска изрази сериозна загриженост за нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, истакнувајќи дека таа е бугарска државјанка и дека веднаш треба да ѝ се обезбеди правна, конзуларна и морална заштита.

„Ова е уште еден случај на насилство, вознемирување и јавен линч врз бугарски државјани кои имаат високи јавни функции и бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се изјасниле како Бугари,“ наведува Ковачев во својата објава.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Тој додава дека бугарската држава има обврска да ги заштити своите над 216.000 граѓани во Македонија, кои стекнале бугарско државјанство врз основа на документи за бугарско потекло и се изјасниле како етнички Бугари.

„Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, порача Ковачев.

Printscreen / Facebook / Андрей Ковачев/Andrey Kovatchev

Со свој став во одбрака на Данела изрази и Венко Филипче. Тој на својот фејсбук профил објави:

„Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда. Молкот понекогаш зборува погласно од зборовите.
И не се работи само за напад врз градоначалничката и службениците од Градот. Се работи за тоа дали секој од нас може без страв да се спротивстави на криминалот.
Пораката што власта ја испраќа е дека секој кој ќе се обиде да го обелодени нивниот криминал ќе се соочи со опасност по личната безбедност. Ова е страшно и недозволиво.
За една година безбедносната состојба во државата катастрофално се влоши. Безбедноста на граѓаните, правдата, заштитата од институциите практично не постојат. Ова е нешто што треба сериозно сите да нè загрижи.
Барам итно да се осудат насилниците и барам итно да се поведе постапка против службениците на МВР кои не постапиле и не ги заштитиле претставниците на Градот“.

Според официјалните информации нападот во СВР Скопје го пријавило лице со иницијали А.Ј. ОД МВР велат дека Арсовска не сакала да го пријави настанот и се упатила во „8 Септември“.

-На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.”Кумбара” физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош – се вели во информацијата од МВР.

Најнови вести од Македонија

To top