Македонија првата од четирите фази треба да се реализира за 90 дена

ФОТО: Почнаа градежните работи на булеварот „Македонија“, еве како ќе изгледа

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека овој проект сигурно ќе го олесни движењето во центарот на градот.

ФОТО: Почнаа градежните работи на булеварот „Македонија“, еве како ќе изгледа

Од денеска почнаа градежните активности на булеварот „Македонија“ со кои се очекува да се намалат сообраќајните гужви. Ќе се реализираат четири фази, од кои првата треба да заврши за 90 дена.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите рече дека следната недела се очекува да започне и тендерската постапка за втората фаза.

– Тука сме на почеток на градежните активности на булеварот „Македонија“, нешто за што се говори години наназад, почнуваме со првиот од четирите чекори. Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза. Верувам дека веднаш по завршување на првата фаза, ќе започнеме со реализација на втората фаза, рече Ѓорѓиевски.

Се надева дека до крајот на неговиот мандат ќе заврши целосната изградба.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека овој проект сигурно ќе го олесни движењето во центарот на градот.

-Амбициозен е планот овој мандат целосно да биде завршен, амбициозен е и планот во 90 дена да биде завршен овој дел. Но, сигурен сум дека имајќи предвид дека имаме амбициозен градоначалник и амбициозни градоначалници дека сето ова ќе се заврши и скопјани ќе можат да се движат по овој коловоз многу скоро, односно во рамките на тоа што е кажано, нагласи Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top