Новогодишната магија пристигна во Велес!
Безброј светилки наоколу ни ја донесоа празничната бајка дома, во нашиот Велес. Но, ова е само почеток – украсувањето ќе продолжи и во наредните денови за уште поубава приказна!
Празнично е да си дома – дома е Велес!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Велес Марко Колев.