Продолжениот викенд традиционално ќе го наполни Охрид. Колони возила се упатија кон туристичкиот центар на Македонија.
Веќе има поплаки од возачи дека од патарина до патарина на патниот правец има и по пет километри колони.
Гужвите почнаа од попладнево, а ги има и вечерва. Задржувањата се подолги особено на патарините при наплата.