Македонија

ФОТО: Цигари, патики, штрафилици – Еве што се’ запленија цариниците викендов

ФОТО: Цигари, патики, штрафилици – Еве што се’ запленија цариниците викендов

За време на продолжениот викенд и во текот на вчерашниот ден царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока.

62 пара патики, 37 парчиња рачен алат штрафилици, 5 парчиња брусалки, 7 парчиња батерии со полнач, запленети на влез во државата на граничен премин Табановце.

Царинска управа

Непријавената стока е пронајдена во патничко моторно возило со странски регистарски таблички. На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, возачот изјавил дека има само лични работи, но при преглед на возилото во багажниот простор, на задните седишта и под нив, во најлонски кеси и торби е пронајдена непријавената стока. Стоката е привремено задржана, а против лицето е поведена прекршочна постапка. 

Царинска управа

26 штеки цигари откриени од страна на мобилните царински тимови на влез во државата на граничен премин Богородица, во два одвоени случаи. Во првиот случај откриени се 12 штеки цигари во товарно моторно возило со македонски регистарски таблички. Непријавените цигари се пронајдени во кабината и во надворешниот дел на влекачот од товарното возило. Во вториот случај 14 штеки цигари се откриени исто така во товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, во кабината на влекачот и во странични шуплини од возилото.

Царинска управа

Во двата случаи стоката е задржана, а против возачите е поведена прекршочна постапка. 

– 11 штеки цигари откриени од страна на царинските службенци на граничен премин Богородица, во патничко моторно возило со македонски регистарски таблички пријавено за влез во државата. Непријавените цигари биле пронајдени во просторот за багаж во задниот дел од возилото, во просторот околу  резервната гума како и на задното седиште од возилото. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена соодветна постапка.

Најнови вести од Македонија

To top