Македонија Царинска управа

ФОТО: 700 парчиња облека запленети на „Богородица“

Производите се запленети, а против лицата се поведени соодветни постапки.

ФОТО: 700 парчиња облека запленети на „Богородица“

Спречен обид за сива економија, откако во пет случаи царинските службеници од граничниот премин Богородица запленија околу 700 парчиња непријавена облека и 22 пара обувки наменети за продажба на македонскиот пазар. Во сите случаи лицата, инаку македонски државјани, се обиделе нелегално да ја внесат робата без да ги платат увозните давачки, информираат од Царинската управа.

Во четири од случаите непријавените парчиња облека и обувки се откриени при контрола на автобуси во патните торби на патниците, како и во црни кеси под задните седишта. Во последниот случај, непријавените парчиња облека се откриени при контрола на патничко возило.

Производите се запленети, а против лицата се поведени соодветни постапки.

Царинската управа во рамки на своите приоритети континуирано спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на сивата економија.

Најнови вести од Македонија

To top