Македонија Документите за јавни набавки покажаа

Фирма партнер на Дрин Ахмети и „Ѓока Констракшн“: Албанскиот корупциски скандал ја допира и Македонија

Одлуката е еден од најголемите удари на СПАК врз висок функционер во земјата и отвора дополнителни прашања за регионални врски, влијание и сомнителни деловни практики на компаниите кои настапуваат и во Македонија. Истрагата продолжува и се очекува проширување на мерките.

Фирма партнер на Дрин Ахмети и „Ѓока Констракшн“: Албанскиот корупциски скандал ја допира и Македонија

Специјалната антикорупциска структура – СПАК во Тирана ја суспендираше вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку и ѝ забрани да ја напушти Албанија, поради сомнежи за местење тендери и злоупотреба на службена положба.

Според соопштението, Балуку заедно со членови на тендерските комисии однапред ги договарале победниците во две големи постапки – за тунелот Логара и за надворешната обиколница број 4 околу Тирана, при што фаворизирале конкретни приватни компании и создавале неправични предности во процесот.

Во документите за јавни набавки се појавуваат и албанските фирми „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“, кои во последните години беа поврзувани со спорни зделки и во Македонија.

-„ПЕ-ВЛА-КУ“ беше партнер на „Тхор Индустрис“ на Дрин Ахмети во време на преземањето на ТЦ „Соравија“ во Скопје, а „Ѓока Констракшн“ беше единствениот понудувач на тендерот за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар. Во Албанија, „ПЕ-ВЛА-КУ“ работела на обиколницата околу Тирана, а „Ѓока Констракшн“ фактички го градела тунелот Логара како подизведувач иако тендерот првично бил поништен, објави Скопје1.мк.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Албанскиот премиер Еди Рама не одговори дали ќе ја разреши Балуку, но го критикуваше СПАК дека се меша во ингеренциите на извршната власт.

Одлуката е еден од најголемите удари на СПАК врз висок функционер во земјата и отвора дополнителни прашања за регионални врски, влијание и сомнителни деловни практики на компаниите кои настапуваат и во Македонија. Истрагата продолжува и се очекува проширување на мерките.

Најнови вести од Македонија

To top