Македонија фројд проработе и кај венко

Филипче призна дека СДСМ се распаѓа „по шавови“: Дел од советниците во Аеродром соработувале со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ!

„Дел од досегашните советници не си ја вршеа добро работата, дел соработуваа со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, ама само за лични интереси. Тоа повеќе нема да се дозволи. Ќе има санкции за прекршување на кодексот“, јавно признавајќи дека неговите сопартијци веќе немаат доверба во иднината на партијата која во 5-та брзина ита кон пасокизација и одамна не претставува сериозен политички фактор на македонската политичка сцена. Како минува времето, на граѓаните им е се’ појасно зошто Венко Филипче има златна виза за Дубаи, најчест коментар на социјалните мрежи е дека „златната направија“ е бек-ап варијанта за резилот што следи по есенските локални избори…

Филипче призна дека СДСМ се распаѓа „по шавови“: Дел од советниците во Аеродром соработувале со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку најава на санкции за сопартијци призна дека неговата СДСМ се распаѓа внатрешно или по „шавови“, како што вели народот. Токму поради тоа и поради внатрешниот распад и јавна соработка со структури на власта, тој најави внатрепартиски промени во начинот на избор на кандидати за градоначалници и за советници на следните локални избори.

„Ќе предложам советниците да ротираат, односно да имаат мандат од две години, а потоа следните од листата да влезат во советот. Така ќе им дадеме шанса на двојно повеќе наши другари и другарки да бидат советници во рамки на четиригодишниот мандат. Тоа е фер и дава можност за поголема вклученост“, изјави „лидерот“ поврзан со мега-аферите на Онкологија, Модуларната и кинеските ултра-скапи визи на состанок со Општинската организација на СДСМ Аеродром.

Во уплав од она што следи на и по локалните избори наесен, имателот на златна виза за Дубаи најави и нов кодекс на однесување којшто ќе мора да го потпишат сите советници:

„Дел од досегашните советници не си ја вршеа добро работата, дел соработуваа со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, ама само за лични интереси. Тоа повеќе нема да се дозволи. Ќе има санкции за прекршување на кодексот“, јавно признавајќи дека неговите сопартијци веќе немаат доверба во него и во иднината на партијата која во 5-та брзина ита кон пасокизација и одамна не претставува сериозен политички фактор на македонската политичка сцена.

Како минува времето, на граѓаните им е се’ појасно зошто Венко Филипче има златна виза за Дубаи, најчест коментар на социјалните мрежи е дека „златната направија“ е бек-ап варијанта за резилот што следи по есенските локални избори…

 

To top