Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО: Четворица малолетници затруени, со повреди по телото примени на Токсикологија – Чибишев со детали за нивната здравствена состојба

ЕКСКЛУЗИВНО: Четворица малолетници затруени, со повреди по телото примени на Токсикологија – Чибишев со детали за нивната здравствена состојба

Четворица малолетници попладнево во тешка здравствена состојба се примени на Клиниката за Токсикологија.

Малолетните лица кои се на возраст меѓу 14 и 17 години се хоспитализирани на Токсикологија, а истите биле донесени со пореметена свест и бројни повреди по телото, потврдува за Курир директорот на клиниката, Андон Чибишев.

-Малолетниците се хоспитализирани и се преземени мерки за реанимација. Во моментов двајца од нив се на Токсикологија со подобрена општа состојба која оди кон подобро, додека другите двајца се во потешка состојба и се испратени на дополнителни иследувања кои треба да се анализираат, вели Чибишев за Курир.

Неофицијално, во организмот на малолетните лица била присутна поголема количина на лекови. Истите попладнево биле пронајдени во куќа во Скопје.

-Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во бессознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци. Лицата се пренесени на клиниката за токсикологија, информираат од МВР.

На лице место излегол и јавен обвинител, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top