Македонија

ДЗС подготвена да прати помош во БиХ доколку тоа биде побарано

ДЗС подготвена да прати помош во БиХ доколку тоа биде побарано

Дирекцијата за заштита и спасување е подготвена да испрати помош, доколку тоа биде побарано, во загрозените подрачја во Босна и Херцеговина по поплавите кои ја зафатија оваа земја.

Директорот Џеват Селами изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во катастрофалните поплави кои се случија во БиХ во последното деноноќие.

-ДЗС е во непрекинат контакт со надлежните институции за актуелната состојба, со спремност и подготвеност за праќање помош во загрозените подрачја во БиХ, по евентуално побарување, велат од ДЗС.

Во поплавите во БиХ досега загинаа најмалку 19 лица.

Најнови вести од Македонија

To top