Македонија Организација за европска соработка и развој

Движење БЕСА: ДУИ поддржана од СДСМ го уништува образованието

Ова е ДУИ, бедата на Албанците, која наскоро ќе оди во опозиција и албанската младина ќе има соодветен образовен развој, истакна тој.

Движење БЕСА: ДУИ поддржана од СДСМ го уништува образованието

ДУИ успешно успева да спроведе антиалбанска политика кај нас. Резултатите од деструктивните политики со години, даваат поволни резултати за ДУИ, но вознемирувачки и штетни за Албанците. Тоа најдобро го докажуваат резултатите од “ПИСА”спроведени за 2022 година, кои денеска ги објави Организацијата за европска соработка и развој, обвини Валидин Адеми од Движење БЕСА.

-“ПИСА” констатира дека квалитетот на образованието во Северна Македонија секојдневно паѓа. Замислете, во сите сфери на образованието, меѓународните студии покажаа дека во Северна Македонија, нашите средношколци се далеку под просекот. Сите граѓани ги знаат причините зошто ДУИ поддржана од СДСМ, го уништува образованието кај нас. Знаеме дека министерот за образование и заменик министерот, кои се членови на ДУИ, наместо да трошат за инвестиции за реновирање на училишта, изградба на кабинети, лаборатории, студентски домови и обезбедување литература, во текот на целата учебна година, ним им е грижа само учениците да немаат книги, да немаат греење во училиштата, да немаат елементарни услови за учење, поради што младите во очај и заминуваат од државата.

Еве на пример, во албанските општини каде има инвестиции и развој на образованието, министрите на ДУИ им ги одземаат ингеренциите на градоначалниците. Додека пак, во македонските општини каде е попречено образованието на албански јазик, министрите молчат и дури им даваат поддршка.

Ова е ДУИ, бедата на Албанците, која наскоро ќе оди во опозиција и албанската младина ќе има соодветен образовен развој, истакна тој.

Најнови вести од Македонија

To top