Македонија Стара градска болница

Двајца се на респиратор: 29 лица хоспитализирани во „Св.Наум Охридски” по трагедијата во Кочани

-Двајца пациенти се на респиратор, уште двајца потенцијално можат да завршат на респиратор, а останатите се во стабилна здравствена состојба, информира Настов.

Двајца се на респиратор: 29 лица хоспитализирани во „Св.Наум Охридски” по трагедијата во Кочани

Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски” Скопје, Небојша Настов информира дека во оваа здравствена установа се хоспитализирани 29 лица по трагедијата во Кочани.

Тој посочи дека лицата се на возраст од 17 до 45 години.

-Двајца пациенти се на респиратор, уште двајца потенцијално можат да завршат на респиратор, а останатите се во стабилна здравствена состојба, информира Настов.

Информира дека степенот на изгорениците се од седум до 60 проценти. Најголем дел од изгорениците се во пределот на главата, вратот и лицето.

Настов истакна дека доколку има потреба подготвени се да упатат пациенти во соседните држави кои се понудиле да помагаат.

Најнови вести од Македонија

To top