Македонија Кабинет на Претседател

Државниот врв на празничен ручек кај г.г Стефан

Претседателката во објавата додаде дека должни сме да ги негуваме вредностите што нè поттикнуваат да бидеме хумани, одговорни едни кон други и сплотени околу заедничкото добро и иднината на татковината.

Државниот врв на празничен ручек кај г.г Стефан

Државниот врв во состав од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши присуствуваа на празничен ручек кај Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан.

-На покана на Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан, присуствував на празничниот ручек што традиционално го приредува по повод неговиот именден, денот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, објави претседателката Гоордана Сиљановска Давкова.

Му посакав добро здравје, духовна сила и долг век во служењето: во мир, со мудрост и човекољубие, водејќи ја Црквата по патот на слогата, дијалогот и духовното издигнување на народот, истакна Гордана Сиљановска-Давкова.

Претседателката во објавата додаде дека должни сме да ги негуваме вредностите што нè поттикнуваат да бидеме хумани, одговорни едни кон други и сплотени околу заедничкото добро и иднината на татковината.

На покана на Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан, присуствував на празничниот ручек што традиционално го…

Posted by Gordana Siljanovska Davkova on Петок, 9 јануари 2026

Најнови вести од Македонија

To top