Македонија Министерство за правда

Донесен предлог-законот кој ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет

-Со реформите што ги преземаме, Судскиот совет ќе биде силен гарант за владеење на правото и доверба во судството, велат од Министерството за правда.

Донесен предлог-законот кој ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет

Собранието го донесе Предлог Законот за Судски совет со 73 гласови „за”и 1 „воздржан“

Овој закон ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да ја зајакнеме довербата на граѓаните во судството, велат од Министерството за правда.

Од таму посочуваат кои се клучните новини:

-Јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот.
-Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
-Јавна расправа при избор на кандидати за не-судски членови за поголема транспарентност.
-Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови од редот на судиите.
-Јасни правила за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот.
-Обврска за образложени одлуки при избор и утврдување одговорност на судиите.
-Рокови за преземање дејствија и прецизирање на постапката за жалба против одлуки на Советот.
-Бројни други решенија во согласност со препораките на ЕУ.
-Со реформите што ги преземаме, Судскиот совет ќе биде силен гарант за владеење на правото и доверба во судството, велат од Министерството за правда.

Најнови вести од Македонија

To top