До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а на места ќе достигнува до 40 степени.
Во попладневните часови, особено утре, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени.
Времето во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност, со слаб ветер од југоисточен правец и температура до 35 степени.