Откако 32-годишна жена од тетовско, почина на скопските клиники по влошување на состојбата по операција за вадење камен во бубрег, нејзиниот сопруг бара да ја дознае вистината – зошто завршила со смртен исход.
Тие биле родители на 5-годишно дете, кое сега остана без мајка.
Во телефонски разговор за Телма објаснува дека по направените првични анализи и лекарските совети, на 19 јуни на Клиниката за Урологија ѝ била направена првата интервенција, а поради крварење била вратена во операциона сала, при што и бил отстранет бубрегот, по што била префрлена на КАРИЛ, каде починала околу 1 часот по полноќ.
Сопругот вели дека ако треба ќе оди и преку правен пат, затоа што сака да ја знае вистината зошто толку се влошила сосојбата и починала.
-Резултатите од обдукцијата сопругот се ги уште чека. Добил отпусни писма од двете клиники, во кои е напишано дека по операцијата состојбата и се влошила со пад на притисокот и крварење, по што биле дадени крвни деривати, а поради понатамошно влошување била внесена во сала и бил изваден бубрегот, а потоа била префрлена на КАРИЛ каде и покрај сите преземени мерки настапила смрт, објави Телма.
Целиот разговор можете да го слушнете во прилогот на ТЕЛМА