Македонија Насилникот ќе се гони по службена должност

Деребан за КУРИР: Жртвите на семејно насилство мора да знаат дека државата стои зад нив, институциите мора да сносат одговорност

Имавме многу случаи каде жртвите се откажуваа од кривично гонење и судот и обвинителството тука беа немоќни да реагираат, тие постапки се запираа, а сторителот на кривичното дело се ослободуваше од било каква кривична санкција. Минатиот месец се извршија тие измени, од сега во иднина ова кривично дело се гони по службена должност, па дури и доколку жртвата се откаже од кривично гонење, насилникот сторител на кривично дело ќе биде осуден доколку за тоа постојат соодветни докази, рече Деребан.

Деребан за КУРИР: Жртвите на семејно насилство мора да знаат дека државата стои зад нив, институциите мора да сносат одговорност

Министерството за правда продолжува активно да се залага во борбата против насилството врз жените и семејното насилство. Последниов период во Македонија се случија немили настани кои ја вознемирија македонската јавност.  Заменик-министерот за правда, Ален Деребан, во интервју за КУРИР посочува дека институциите мора да сносат одговорност, а жртвите мора да знаат дека државата стои зад нив.

Дополнително, истакнува дека со новите измени на закон, дури и жртвата да се откаже од од кривично гонење на насилникот, тој ќе се гони по службена должност.

-Свесни сме за недостатоците во системот по однос на спречувањена ваквите појави кои главно се однесуваат на недоволната реакција или недоволно брзата реакција и координираност меѓу институциите. Полицијата, обвинителството, судовите, центрите за социјални работи мора да реагираат многу побрзо и мнпгу повеќе синхронизирано. На иницијатива на министерот за внатрешни работи беше формирана меѓуресорска работна група. Оваа работна група ќе работи на измени на конкретни закони со кои се уредува оваа материја, носител на таа работна група е Министерството за социјална политика, демографија и млади. Во таа група ичествуваат и претставници од здруженијата на граѓани. Во следниот период истата ќе работи на итни законски измени како што се законот за права на децата, закон за бесплатна правна помош, законот за надомест на жртви од кривични дела сторени со насилство меѓутоа и на процесните закони како што се законот за кривична постапка и законот за парнична постапка. Сите овие закони се од наша надлежност односно одговорен ресор е Министерството за правда, рече Деребан.

Најважно е да изградиме систем во кој жртвите ќе имаат доверба да пријават, а институциите ќе постапуваат навремено. Го прашавме Деребан, ако до сега не било така, како се постапувало? Иако во јавноста владееше мислење дека се зголемува довербата кај жртвите да пријават бидејќи ќе се постапува, за жал, последните случаи покажаа дека не било баш така.

-Факт е дека има одредени пријави каде што институциите реагирале ненавремено или не доволно ефикасно. Наша работа е да работиме на промена на начинот на делување на институциите во заштита на жртвите на семејно насилство и на било какво насилство. Очекувам поголема сериозност при разгледување и постапување по пријавите, институциите мора да сносат одговорност, а жртвите мора да знаат дека државата стои зад нив. Во таа насока се и последните измени во кривичниот законик, поточно во член 130 кај кривичното дело „телесна повреда“ кое до сега се гонеше по предлог на жртвата. Имавме многу случаи каде жртвите се откажуваа од кривично гонење и судот и обвинителството тука беа немоќни да реагираат, тие постапки се запираа, а сторителот на кривичното дело се ослободуваше од било каква кривична санкција. Минатиот месец се извршија тие измени, од сега во иднина ова кривично дело се гони по службена должност, па дури и доколку жртвата се откаже од кривично гонење, насилникот сторител на кривично дело ќе биде осуден доколку за тоа постојат соодветни докази, рече Деребан.

Заменик-министерот за правда посочи дека оваа законска измена не може да важи ретроактивно туку важи од моментот на донесување, па во иднина.  Тоа значи дека во иднина, по стапување во сила на овие законски измени, сите кривични дела во врска со телесни повреди ќе се гонат по службена должност, а не по предлог на жртвата.

Со Деребан разговаравме за низа актуелни теми, но и малку за приватноста. Целото интервју со него погледнете го на линкот во продолжение:

 

Најнови вести од Македонија

To top