Македонија до 3 февруари

Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај од 8:00 до 16:30 часот

Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај од 8:00 до 16:30 часот

Поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, од денеска до 3 февруари, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 8:00 до 16:30 часот, соопшти АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести од Македонија

To top