Македонија

Дали со уништуање на документи СДСМ и ДУИ ја кријат корупцијата?

Во низата на скандали за кои слушаме откако СДСМ-ДУИ паднаа од власт е и скандалот со горењето на архиви е доказ за политиката на самоупропастување која ја водеше Димитар Ковачевски. Наместо да се бори против корупцијата и да гради доверба во институциите, оставија само хаос.

Изгорените архиви за време на владеењето на Ковачевски, кои содржеа клучна документација, беа уште еден доказ за обид за прикривање на криминалот.

За време на коалицијата СДСМ и ДУИ изгоре бараката на Јавното претпријатие Улици и патишта во Скопје, притоа уништувајќи ја целата документација на претпријатието.

Неспособноста на СДСМ да реагира навреме доведе до катастрофални последици за економијата и општеството. Граѓаните сеуште се соочуваат со последиците, а нивната доверба после СДСМ-ДУИ во институциите е на нула. СДСМ и ДУИ не само што не понуди решенија, туку оставија за наследство култура на неказнивост и корупција.

А сега Филипче наместо да се соочи со моменталната состојба, тој ја продолжува политиката која ја доби во наследство од Заев и Ковачевски, и продолжува да живее во паралелен универзум критикувајќи го ВМРО-ДПМНЕ притоа игнорирајќи го колапсот во својот двор.

Граѓаните заслужуваат Влада која ќе работи во нивен интерес, а не за интересите на поединци.

Најнови вести од Македонија

To top