Александар е млад 33 годишен дечко кој се најде во животно загрозувачка состојба. Хоспитализиран е на интензивна нега во приватна болница во Скопје, каде подлежи на многу различни операции и третмани кои моментално го одржуваат во живот.
Потребно е најитно да се извршат 2 големи хирушки зафати, односно да се оперира огромна вентрална хернија со инкарцерација и ампутација на потколеница која има елефантијаза и некротички промени.
-Бидејќи има сепса од настанатата икарцерирана хернија, се очекува и хемодијализа за да се даде шанса на организмот да се бори. Ние како семејство го собравме максимумот средства, но тоа не е доволно за Александар да добие втора шанса за живот. Ве замолуваме секој во своите можности, да му помогнеме сите заедно, велат од неговото семејство.
Се замолуваат хуманите македонски граѓани, кои се во можност, да донираат и да го споделат овој апел.
Сите заинтересирани можат да донираат на ОВОЈ ЛИНК