Македонија и по заев, ципрас

Ципрас по стапките на побратимот Заев: Се повлече од пратеник, но не и од политика

И Заев демек се повлече, но раководи со се’ прекус својот измеќар Филипче. Новиот лидер на Сириза, Сократис, пак, не го „вртел“ Алексис, т.е. не бил послушен како Венко. Следна сличност е што и Сириза како СДС е со катастрофален рејтинг и мизерен број на пратеници. Најавите се дека Ципрас можеби ќе оформи нов политички субјект, т.е. партија. СДСириза, можеби. Дали и Заев ќе излезе, по претстојниот дебакл на локални избори, со некоја СДС Вистинска. Македонска, не може да биде…

Ципрас по стапките на побратимот Заев: Се повлече од пратеник, но не и од политика

По примерот на својот побратим по машна и Преспански договор, Зоран Заев, и Алексис Ципрас се повлече од пратеничко место, но не и од политиката. Ќе ја раководи ли Сириза и тој од позадина како СДСМ Заев, се прашуваат упатените? И Заев демек се повлече, но раководи со се’ прекус својот измеќар Филипче. Новиот лидер на Сириза, Сократис, пак, не го „вртел“ Алексис, т.е. не бил послушен како Венко. Следна сличност е што и Сириза како СДС е со катастрофален рејтинг и мизерен број на пратеници. Најавите се дека Ципрас можеби ќе оформи нов политички субјект, т.е. партија. СДСириза, можеби. Дали и Заев ќе излезе, по претстојниот дебакл на локални избори, со некоја СДС Вистинска. Македонска, не може да биде…

Со едно перо и 16 години искуство во грчкиот парламент, поранешниот премиер Алексис Ципрас, се повлекол од функцијата пратеник, но не и од политиката. Во писмо до претседателот на Парламентот, тој ја најавил својата оставка, токму во пресрет на новата парламентарна сесија.

Поранешниот лидер на Сириза, испратил повик за обединување на левицата, истакнувајќи дека „не можеме вечно да чекаме промена, треба самите да бидеме таа промена“, пишува грчки Скај.

– Не се повлекувам од политичката борба – нагласил Ципрас во видеопорака до јавноста.

Признавајќи дека неговото присуство како поранешен премиер на Грција носи привилегии, но не и суштински придонес во актуелната конфигурација на парламентот, тој рекол дека се повлекува „не за да замолчи, туку за подобро да слуша“. Отворено ја критикувал моменталната состојба на парламентот, оценувајќи дека е демократски „испразнет“ поради политичката доминација на мнозинството. Истото што ги јаде Заев и Филипче во Македонија.

To top