Курир од извори во истрагата дознава дека дискотеката „Пулс“ во Кочани работела со фалсификувана лиценца издадена во времето на Крешник Бектеши од ДУИ, иако не ги исполнувала условите за работа и претходно, во неколку анврати била одбивана за таков тип на дозвола.
На лиценцата е потпишана Размена Чекиќ Дуровиќ, тогашен државен секретар во министерството за економија на Крешник Бектеши.
За потсетување, Бектеши станува министер за економија во Владата на Зоран Заев во 2017-та година, беше близок и со Ковачевски.
Повеќе информации околу лиценцата се најавуваат во текот на денот.
Деца од 14 години, многу млади, член на бендот ДНК… Вкупно 59 лица загинаа во страотниот пожар што ноќта меѓу саботата и неделата избувна во дискотеката Пулс во Кочани.