Ковачевски куртули од кривичен прогон, барем засега. Кривичната пријава за него удри во ѕид во обвинителството. И покрај тоа што полицијата имала доволно докази против екс-премиерот и против екс-генералниот секретар за случајот Лотарија, Обвинителството не ги прифатило пријавите.
Ова во својата анализа на ТВ Алфа го истакнува новинарот Коле Чашуле.
-Не ги отфрлиле, но уште не им бил кренат степенот за сомневање за Ковачевски. Нема тие што да се сомневаат дека на седница на Влада на која е донесена криминалната одлука за Лотарија, за што го ловат Груби, дека веројатно присуствувал и Ковачевски, истакна тој.
Целата анализа на Чашуле, погледнете ја во видеото во продолжение: