Македонија Светски апел: Вратете ги учебниците

Царовска, јави се: Светско истражување покажа дека „паметните“ уреди ги оглупавеле децата

Глобалните резултати од тестовите по математика, природни науки и читање опаѓаат. Овие трендови беа влошени од ковид пандемијата, но започнаа во раните 2010-ти, токму кога дигиталните уреди почнаа масовно да доаѓаат во ученички раце. По социјалните мрежи кратко и јасно коментираат: Мила Царовска, јави се…

Царовска, јави се: Светско истражување покажа дека „паметните“ уреди ги оглупавеле децата

Паметните уреди ги оглупавеа децата, покажа најновото истражување на ОЕЦД.

Извештајот покажа дека поголемиот дел од образовните технологии (EdTech) не ги испорачале ветуваните академски придобивки. И Шведска ги потсети учениците дека постојат и хартиени книги а и стари вештини како што е фаќање белешки. Глобалните резултати од тестовите по математика, природни науки и читање опаѓаат. Овие трендови беа влошени од ковид пандемијата, но започнаа во раните 2010-ти, токму кога дигиталните уреди почнаа масовно да доаѓаат во ученички раце.

Џаред Куни Хорват оди чекор понатаму, па заклучува дека EdTech револуцијата целосно пропаднала и објаснува зошто многу училишта во Европа и Југоисточна Азија се враќаат кон традиционалните методи.

Лани во мај, надлежната министерка објави дека шведските училници ќе олабават со дигиталната технологија и ќе се свртат кон традиционални практики како што се читање аналогни книги и рачно фаќање белешки. На апостолите на дигитализацијата не им се веруваше дека вака напредна држава се решава на таков чекор.

Кога користат компјутер за домашна работа, учениците обично се посветуваат на задачата помалку од 6 минути пред да тркнат до социјалните медиуми, да испраќаат пораки со пријателите или нешто друго дигитално да ги одвлече на друга страна. А кога користат лаптоп за време на часовите, обично поминуваат 38 минути од секој час надвор од задачата.

Македонија ќе ја памети минситерката од редовите на СДСМ, Мила Царовска, која во индолентен обид да ја смени македонската историја и да им „учини“ на Бугарите, ги замени постојните учебници со „паметни“ уреди и протежираше целосно повлекување на учебниците и книгите од образовниот процес. За среќа на Македонија и македонските деца, тоа не се случи и власта се смени, а годинава за првпат учениците стартуваа година со учебници и историја како посебен предмет.

Светските истражувања само ја потврдуваат субмисивноста, неинвентивноста и инфантилноста на претходните влади раководена од Заев и Ковачевски (читај пак Заев).

Најнови вести од Македонија

To top