Македонија Лазаров

Боки 13: СДСМ денеска е секта која се убива меѓу себе, по овие избори нема да постои како партија

Зборуваше и за СДСМ, како и за многу функционери од таа партија, кои ги обвини за низа тешки дела.

Боки 13: СДСМ денеска е секта која се убива меѓу себе, по овие избори нема да постои како партија

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 во подкастот „Лазаров“ зборуваше за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“.

Зборуваше и за СДСМ, како и за многу функционери од таа партија, кои ги обвини за низа тешки дела.

„СДСМ денеска е секта која се убива меѓу себе. По овие избори, СДСМ нема да постои како партија“, рече Јовановски.

Посочи дека Зоран Заев е вмешан во низа криминални дела, објасни како Сања Лукаревска ја злоупотребила својата функција, како Стефан Богоев лажел пред обвинителството….

„Најголемата животна грешка ми е што поклонив верба во човек кој што сите ги искористи и фрли. Тој ја фрли цела негова поставка од луѓе“, рече Боки 13 за експремиерот Зоран Заев.

Посочи дека од „Шарена револуција“ почнал рекетот во Македонија.

 

 

Најнови вести од Македонија

To top